Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 62, а беа повредени 203 лица.
Еден од повредените е и гитарист на ДНК, Горан Тонев, која трагичната ноќ имаше концерт. Тој е еден повредените кој два месеци се лекуваше во Солун, Грција.
По повод шестте месеци тој се огласи на Инстаграм, постирајќи и фотографии со загинатите колеги од групата.
„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите…
Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри, како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е за последен пат.
Не требаше да биде вака колеги мои… Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир“, напиша тој.
Денеска во Скопје ќе има мирен собир, а во Кочани протест за трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата
Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев