И синоќа имало пожар во депонијата Дрисла. Истиот како што информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов е под контрола.
Тој бил на локација пооддалечена од претходно активното жариште.
Ангелов информираше и дека било неопходно истовремено затрупување на опожарената површина, а за таа цел биле ангажирани градежни машини, кои веќе биле на местото.
Пожарот бил изгаснат и затрупан за еден час, со што било спречено негово ширење кон главниот дел на депонијата.
Денеска како што информираа од Центарот за управување за кризи во Македонија има еден активен пожар во Општина Гевгелија на Кожуф планина кај селото Петрово, а освен во Дрисла под контрола е и пожарот во Трубарево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училиштата околу Трубарево ќе одржуваат настава онлајн
Фото: Унсплеш