Пратеникот на Левица од Гевгелија, Сашко Јанчев, кој учествуваше во сообраќајна несреќа, во која беа повредени 16-годишно момче и неговата 13-годишна сопатничка, остана без возачка дозвола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој по несреќата беше приведен и беше осомничен за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) побара мерки за претпазливост за него – привремено одземање патна исправа и на возачката дозвола, а судија од Основниот кривичен суд делумно го прифати предлогот, одземајќи му ја возачката дозвола, информираа од Судот.
Несреќата се случи во селото Марино во Општина Илинден.














