Познатиот српски актер Милош Биковиќ сака да инвестира во Берово, од каде потекнува

Познатиот српски актер Милош Биковиќ, кој стекна и светска слава, сака да инвестира во Берово, од каде што потекнува.

Биковиќ има делумно македонско потекло. Неговиот дедо е од Берово.

Информацијата на Инстаграм ја сподели македонскиот премиер Христијан Мицкоски, со кој имал средба во Владата.

Биковиќ сакал да инвестира во хотелски и рекреативен комплекс во Берово.

Фото: Мицкоски/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести