(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите на Малта

На Малта секако не успеав да ги видам сите плажи, бидејќи ги има многу, а од тоа што видов, може да кажам дека ги имаа за сечии вкус. Е, сега не очекувајте дека ќе најдете егзотични плажи како на Халкидики во Грција или на некој грчки остров, но не се лоши.

Првата плажа која ја посетив е некомерцијална, на островот Гозо. Од островот Малта со брод до таму се стигнува за неколку минути.

По пат Ви е третиот остров, Комино од оваа островска земја на Средоземното море. Е таму ја имате една од најубавите плажи – Плава лагуна, која не е голема, а истата во сезона тешко дека ќе ја видите, бидејќи има премногу гужва. Не сакам некој да ми седи на глава, па само ја видов.

Кога сме кај Гозо, мора да спомнам дека островот е магичен и многу тивок. Таму отидов на плажата San Blas. Островот крие многу некомерцијални или диви плажи како што ги викам јас.

Плажата е комбинација од песок, кој е црвен и карпи. Вреди да се посети.

До повеќето плажи на Гозо се стигнува со автобуски линии, но ќе мора неколку минути и да пешачите. А може и да автостопирате, како што направив јас, па и да запознаете интересни луѓе.

Од плажите кои ги посетив најмногу ме бендисаа Ghajn Tuffieha Bay и Golden Bay на островот Малта. И двете се големи, имаат комерцијални и некомерцијални делови, така да не мора да трошите пари за лежалки. Ако доаѓате на Малта овие две плажи се задолжителни.

Да спомнам и дека водата во Средоземното море не е толку солена како во Егејското море.

Продолжува…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Во Малта се е под конец

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести