Што мислат вработените во Стопанска банка Битола за понудата за преземање од страна на Алта банка

Со мислење за понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта банка АД Белград преку Македонската берза се огласија и вработените во македонската Банка, преку двата синдикати – СФДМ СО и СФОМ СО, во кои членуваат 90% од вработените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За УО на Стопанска банка Битола понудата за преземање од страна на Алта банка е добра

Според нив меѓудругото преземањето на Банката ќе придонесе за нејзин развој и модернизација, како и за зајакнување на нејзината пазарна позиција.

Тие од Алта банка бараат да достави план за преземање на вработените, да вложува во едукација на вработените, а следствено на тоа и да ги зголеми платите.

За вработените, како што велат од синдикатите понудата за преземање е прифатлива единствено под услов да има хоризонтално прераспределување на вработените според потребите на Банката и вертикална прераспределба, но само во насока на раст и унапредување, без вертикална прераспределба на хиерархиски пониска работна позиција.

Како што веќе пишуваше еМагазин, Алта банка сака да купи 371.528 акции на Стопанска банка Битола. Таа од претходно веќе заедно со поврзани лица (Алта груп) поседува 19.439 акции на Стопанска банка Битола.

За акција нуди 3.777 денари.

Понудата ќе се смета за успешна доколку бидат преземени 273.295 акции, кои претставуваат 70,03 проценти од вкупниот број акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работи Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола

Како работела Стопанска Банка Битола во првото полугодие

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести