Од Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) информираа дека до среда во Македонија ќе преовладува претежно сончево и топло време.
Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок пак се очекува да дува умерен до засилен јужен ветер, а врнежите на места ќе бидат проследени и со грмежи.
Дневната температура ќе започне да опаѓа, особено за време на викендот.