(Видео) Штип доби затворен базен

Денеска во Штип беше пуштен во употреба затворен базен. Градоначалникот Иван Јорданов изјави дека во исто време може да го користат 25 деца.

„Освен учениците од училиштата кои ќе го користат за часот по физичко воспитување, овој базен ќе го користат и рекреативците и пливачките клубови. Така што ова е објект за кој верувам дека во годините што следуваат, рационално ќе биде искористен,“ изјави Јорданов.

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека оваа е еден од шесте предвидени базени низ земјата, пуштен во употреба, втор по ред.

„Знаете дека овие проекти беа заглавени со години, 4-5 години стоеја, тапкаа во место, не беа реализирани, но еве сега со доаѓањето на оваа Влада, изминатите 15 месеци откако сме Влада, ги задвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци, “ додаде Мицкоски.

Фото: Влада/видео: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести