Од Народната банка информираа дека на 30.6.2025 година, нето надворешниот долг на земјава изнесувал 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот бруто-домашниот производ – БДП).
Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%.
Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 119 милиони евра и изнесува 8.983 милиони евра, што претставува 55,1% од проектираниот БДП за 2025 година.
Повеќе ОВДЕ.
Фото: Унсплеш