Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!

Јавноста е вознемирена од нов случај на насилство помеѓу малолетници. Овојпат во Штип малолетнички три месеци тепале и малтретирале нивна врсничка, а сето тоа било снимано со мобилни телефони од други деца.

Била тепана и малтретирана и во училишен двор!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Малолетничка од Штип неколку пати тепана од врснички, насилството го снимале други деца

Случајот, бидејќи најчесто малтретираните деца се плашат да го пријават и кај своите родители, беше откриен, како што раскажа мајката на малтретираното девојче, откако дете кое го видело тоа и било вознемирено и кажало на мајка си, а таа ја контактирала нејзе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Малолетнички тепале девојче во Чаир и го снимиле нападот, полицијата го расчисти случајот

Случаевите на врсничко насилство станаа речиси секојдневие. Пред неколку месеци три малолетнички во скопски Чаир нападнаа 11-годишно девојче, а една од нив со мобилен телефон и го снимила нападот. Видеото секако заврши на социјалните мрежи, па овие деца освен што се тепани и малтретирани, доживуваат и дополнителен јавен срам.

Како тоа дете после да се врати на училиште, кое меѓудругото треба да му даде и сигурност и безбедност.

Во јавноста се има впечаток, како што може да се заклучи од коментарите на социјалните мрежи, дека надлежните институции не си ја вршат работата и не гледаат дека имаме многу сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците.

Нема само Македонија ваков проблем. Во денешно време секаде има вакви инциденти. Разликата е во тоа што одредени држави сериозно му пристапуваат на овој проблем. Надлежните во земјава не треба да измислуваат топла вода.

Да, и родителите сериозно да му пристапат на проблемов. Како ќе се однесуваат нивните деца надвор од домот, најмногу зависи од нив!

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести