УХМР предупредува дека денеска ќе има повремени врнежи од дожд кои во попладневните часови локално ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.
Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на вчерашната.
Фото/Unsplash