Бројот на работниците во индустријата намален за 3,8%

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период лани, се намалил за 3,8 %, објави Државниот завод за статистика.

Во август, во однос на претходниот месец има пад од 2,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август на годишно ниво се намалил во групите Енергија за 1,8%, Капитални производи за 7,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1%.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести