Левица со претставка до КСЗД за утврдување групна политичка дискриминација, Уставниот суд оформи предмет за Упатството за радиодифузерите за локалните избори на ААВМУ

Уставниот суд оформи предмет по иницијативата на опозициската Левица, која го оспори Упатството за радиодифузерите за локалните избори донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ).

Овој предмет ќе се најде на следната седница на Судот, на 15. октомври, два дена пред крајот на изборната кампања за првиот круг од локалните избори.

Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, пак денеска информираше дека партијата поднела претставка и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) против ААВМУ по усвојувањето на Упатството за радиодифузерите за локалните избори.

Основот на претставката до КСЗД, (како и до Уставниот суд), е утврдување и заштита од групна политичка дискриминација, а се однесува на исклучувањето на Левица од можноста за платено политико рекламирање и покрај тоа што има шест пратеника во Собранието.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести