Македонија2025 и Џонсон Мети најавуваат Отворен повик за наставници по природни науки: Oбука, менторска поддршка и можност за учество на регионални саеми

Македонија2025, во рамки на Џонсон Мети Програмата за поддршка на заедницата„Науката и Јас“, го објавува новиот повик за предметни наставници по природни науки (природни науки, биологија, хемија, физика) од основните училишта во земјата.

Повикот е отворен до 20. октомври 2025 година.

Кој може да аплицира?

  • Наставници приправници по природни науки од основните училишта
  • Предметни наставници од основните училишта кои реализираат настава по предметите: природни науки, биологија, хемија или физика со работно искуство во настава не подолго од 5 години..

Што нуди обуката?

  • Еднодневна работилница (во неколку групи) за околу 70 наставници, фокусирана на ефективни методи: учење базирано на истражување, практични експерименти и проектна работа.
  • Обуката ја реализираат обучувачи од Бирото за развој на образованието и други образовни институции.
  • Дидактички материјали за наставници (на македонски и албански јазик) и сертификат за професионален развој.
  • Можност дел од наставниците со своите ученици да развијат и презентираат експерименти на 2–3 регионални саеми по наука.
  • Поддршка од наставници-ментори по природни науки.
  • Опција за посета на Џонсон Мети – Скопје (за 4–5 наставници со група до 5 ученици).
  • Мерење на влијанието преку кратка пред- и по-анкета за самодоверба и мотивација на наставниците.

Слободно пишете ни за повеќе информации на [email protected]

Драги наставници, не ја пропуштајте оваа можност да ги подобрите Вашите вештини за настава по природни науки и да ја инспирирате следната генерација научници.

Пријавете се сега и станете дел од наставничка заедница што го менува начинот на кој младите ја доживуваат науката!

Влијание на проектот „Науката и Јас“ досега!

Проектот „Науката и Јас“ значајно ја унапредува наставата по природни науки во земјата. Во изминатите две учебни години:

  • Обучени се околу 100 наставници почетници, кои директно влијаеја на околу 9.800 ученици (5-9 одделение).
  • Организирани се седум регионални Саеми за наука, во учебната година 2023/2024 година (ВелесДелчевоСкопјеСтруга) и учебната 2024/2025 година (СкопјеПрилепСкопје)
  • Над 200 ученици ги претставија/изведуваа своите проекти и научни откритија пред публика од над 2.000 врсници.
  • Доделени се 41 сет за наука (опрема и материјали) за попрактична и поинтересна настава.
  • Реализирани се 3 посети на научни установи (вклучително и фабриката Џонсон Мети и лаборатории на Природно-математичкиот факултет).

Овие активности ја поврзуваат теоријата со практиката, ја зголемуваат мотивацијата на наставниците, ја поттикнуваат љубопитноста кај учениците и градат основа за идни генерации млади научници.

Како дел од континуираната евалуација, проектот „Науката и Јас“ изработи двегодишни Компаративни препораки за јавни политики и сознанија за влијанието од напорите за развој на наставниците. Неколку од клучните насоки се: институционализирање на професионалниот развој преку интегрирање на програмата во националната рамка за континуиран професионален развој; воспоставување национална рамка за менторство за наставници на почетокот од кариерата; обезбедување наменски буџети за училишни комплети по природни науки; ширење на најдобрите практики преку регионални саеми и дигитални платформи и систематско следење на влијанието со национални анкети и годишни извештаи.

Овие препораки имаат цел да обезбедат одржливост и институционално препознавање на ефектите од програмата, а воедно и да ја зајакнат реформата во наставата по природни науки во основното образование.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести