Видео на кое се гледа како на самитот на Европската политичка заедница заедница (ЕПЗ) во Копенхаген, Данска, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неможе да си го најде местото каде што треба да седне стана хит на социјалните мрежи.
Поради пропуст на протколот, Вучиќ извесно време збунето се врткаше во просторијата, седна на столче, но му посочија дека тоа не е за него, па на крај му донесоа стол со маса што личи на училишна клупа.
Вучиќ успеа и да ја скрши масата во обидот да седне, а на крај му дозволија да остане на столот, бидејќи немаше друго место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Сиљановска Давкова во Копенхаген се сретна со Орбан, Кошта, Принцот од Монако…
Фото: Вучиќ/Фејсбук