еМагазин пред престојните локални избори во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле членовите на Државната изборна комисија (ДИК).
Истата ја сочинуваат Борис Кондарко, кој е претседател, Абдуш Демири, кој е потпретседател, а членови се Александар Даштевски, Оливер Ристовски, Дитмире Шеху, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов.
Каков имот пријавил Кондарко
На свое име Кондарко пријавил куќа во Крушево, која е подарок, како и стан во скопски Карпош.

На име на сопругата пријавил стан во скопски Центар, кој е подарок, и куќа во истата општина, која е исто така подарок.

Пријавил и три возила.

Има и кредит кој треба да го врати до 2032 година, а има и приходи од закупнина на стан.