Соседна Бугарија која повеќе од 26 години беше под пост-мониторинг на Советот на Европа поради тоа што не ги почитува човековите права, посебно на Македонците, нема повеќе да биде монитирана.
Одлуката беше донесена од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на 1. октомври.
Поддршка за одлуката дадоа 44 од 45 држави-членки, а против гласаа само тројца пратеници од Македонија. Единствена „воздржана“ пак беше актуелната пратеничка од бугарската партија Демократска Бугарија и поранешна бугарска министерка за правосудство, Надежда Јорданова.
Одлуката се темели на извештај на Дебора Бергамини (Италија, ЕПП/ЦД) и Ив Крухтен (Луксембург, СОК).
ПССЕ преку соопштение за одлуката меѓудругото ги повика властите во Бугарија да “продолжат да соработуваат со Комитетот на министри на Советот на Европа со цел да се постигне опиплив напредок во извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права“, особено во однос на случаите што се однесуваат на реформата на судството, присилните иселувања и уривањето на куќите на Ромите и одбивањето за регистрација на здруженија на лица кои ја искажуваат Македонската етничка самосвест.
Социјалистите, демократите и зелените спречија да се избришат деловите за македонското малцинство во Бугарија од резолуцијата на Советот на Европа со која се заклучува дека завршил мониторингот во оваа земја во однос на човековите права, владеење на правото и слобода на медиумите.
Предлог за бришење на овие делови дојде од членови на Европската народна партија (ЕПП).
Фото: Унсплеш