Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот напад на Шахини, велат од Обвинителството

Според Основното јавно обвинителство Куманово првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот напад врз носителот на листата кандидати за советници на коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, за Општина Липково, 43-годишниот доктор Зекирија Шахини од селото Слупчане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ранет кандидатот за советник на ДУИ, Зекирија Шахини

Во неговиот автомобил денеска во близина на зградата на Општина Куманово пукаа две лица во движење, кои се во бегство, а од болницата во Куманово, Шахини е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, и е вон животна опасност.

Од Обвинителството велат и дека се проверуваат сите околности и дека двајца јавни обвинители прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Шахини работи на скопската Клиника за пулмологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести