Уапсена сопругата на ранетиот доктор Шахини, МВР се сомнева дека е поврзана со неговиот обид за убиство

Драматичен пресврт во случајот со ранетиот доктор Зекирија Шахини од селото Слупчане, кој е и носител на листата на кандидати за советници на коалицијата предводена од ДУИ за Општина Липково, кој вчера беше ранет во оружен напад во Куманово.

Денеска од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово ја лишиле од слобода неговата сопруга А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг.

Во врска со нападот на службен разговор во СВР Куманово биле повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, бил извршен претрес.

Идентификуван е и лицето кое пукаше во Шахини. Станува збор за Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се уште е во бегство.

Шаини има четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десното колено и денеска беше пуштен на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко) Објавена снимка од обидот за убиство на Шахини

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот напад на Шахини, велат од Обвинителството

(Видео) Ранет кандидатот за советник на ДУИ, Зекирија Шахини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести