Која е Марковски компани, чиј газда Борче Марковски заврши во куќен притвор

Сопственикот на Марковски компани ДООЕЛ увоз-извоз од Битола, Борче Марковски, заврши во куќен притвор, откако е осомничен, заедно со други лица, во новата истрага за шема за перење пари во РЕК Битола, преку која со лажни фактури се извлечени 106 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолскиот суд одреди куќен притвор за Борче Марковски и уште еден осомничен за случајот со РЕК Битола, Обвинителство ќе се жали

Случајот се однесува во врска со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ Осломеј во РЕК Битола.  

Меѓу осомничените е и вработен во Марковски компани, која исто така е опфатена во истрагата како правно лице, како и поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои е и поранешниот директор во Комбинатот, Пеце Матевски, кој е во притвор од порано, откако беше обвинет за предметот „Адитив“, за кој веќе се води судски процес. 

Која е фирмата Марковски компани

За фирмата Марковски компани неможат да се најдат речиси ни основни информации на интернет, а станува збор за фирма која во континуетиет добиваше тендери со високи суми на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје (во чиј склоп работи РЕК Битола) во изминативе години.

Основана е во 2002 година, со влог од 2.500 евра.

Се занимава со ископ на земја, земјени работи, набивање темелни столбови, изградба на темелна плоча, бетонирање, изградба на патишта, или се што спаѓа во нискоградба, стои во една од ретките основни информации за фирмата на интернет.

Кој е Марковски

За Борче Марковски исто така се знае многу малку.

Тој во 2016 година стана почесен конзул на Белорусија во Македонија, од кога е и овој редок скрин шот на кој е во друштво на амбасадорите на Русија и Белорусија (тој е во средина).

Фирмата доживува подем во 2012 година, кога почнува да добива тендери, а нејзините приходи и профит секоја наредна година растеа.

Милионски договори

Фирмата Марковски компани и стана позната на јавноста по бројните тендери кои ги доби пред се во РЕК Битола.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објавено лани во јули покажа дека во изминативе пет години Марковски компани склучила вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра.

Лани фирмата доби и тендер вреден 46 милиони евра, кој подоцна беше раскинат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се осомничени газдата на Марковски компани, вработен во компанијата и службени лица во РЕК Битола: Детали од Обвинителството

Уапсен Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски компани“

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести