Ќе остане ли разрешениот директор на Неврологија и без лиценца за доктор?

Разрешениот директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше разрешен откако беше објавено видео на кое шмрка кокаин, останува во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) По шокантно видео како шмрка кокаин, разрешен директорот на неврологија, Игор Кузмановски

Тој се извини и се повлече од функцијата, но најави дека ќе продолжи да работи како доктор. Вчера доби и подршка од неговите колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секогаш се однесувал со највисока стручност: Колегите со поддршка за разрешениот директор на Неврологија, Кузмановски

Од друга страна пак на социјалните мрежи доминираат статуси во кои граѓаните бараат да му биде одземена и лиценцата за доктор.

За тоа меѓудругото неделава треба да одлучува Лекарската комора, од каде засега нема никаква одлука, а деновиве од таму меѓудругото посочија дека “лекарот е обврзан во професионалниот и во приватниот живот да ги негува и да ги покажува личните квалитети, соодветни на местото и достоинството на лекарската професија во општеството“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Игор Кузмановски, разрешениот директор на Неврологија

Секогаш се однесувал со највисока стручност: Колегите со поддршка за разрешениот директор на Неврологија, Кузмановски

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести