Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, угостителските објекти да ја почитуваат препораката, апелира директорот на АХВ, Миланов

Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и за приготвување храна сè додека со лабораториските анализи не се потврди нејзината безбедност, изјави денеска на прес-конференција во Владата директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов.

„Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа на диво без одобрение се поставени пумпи кои директно вбризгува вода во овој водоснабдителен систем.

Стручни лица на Институтот за јавно здравје земаа четири мостри од водата во резервоарот, каптажата, од површинската вода и од јавна чешма во џамија за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност.

За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде времена забрана за употреба на водата за пиење“, рече Миланов.

Во однос на почитувањето на препораките за некористење на водата од страна на кафулињата, рестораните, чајџилниците и други угостителски објекти, Миланов потенцираше дека тие се должни да обезбедат техничка вода.

„Таа вода значи сето она што доаѓа како материјали и производи во контакт со храна, кујнски прибори, храната што се подготвува, зборувам сендвичарници, ресторани, кафеани и бурекчилници не треба да се консумира.

За сето она што ќе биде најдено кај овие оператори со храна ќе сносат одговорност, ќе има финансиска прекршочна пријава од наша страна,“ изјави Миланов.

Оваа препорака се однесува и на кафетериите, чајџилници, здравствени установи, јавни институции во кои се подготвува храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈП „Комуналец“ од Гостивар на диво направил приклучок во близина на главниот цевковод, утврди Инспекторатот за животна средина

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

Две пумпи три недели внесувале загадена вода во гостиварскиот водовод: Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести