Викендов во Велес се одржува Питијада, фестивал на велешка пита и вино.
Според информации од Општина Велес, годинешната Питијада ќе остане запаметена по бројот на посетители.
„Штандовите и улиците беа претесни да ги собере сите кои дојдоа да пробаат велешка пита и македонско вино и да уживаат во блескавата атмосфера што ја направија Кате и Ѓоко, Пајак, Мики Секуловски и Северина,“ велат од таму.
Во петок настапија Калиопи, 2 Бона, Куку леле и Соната. Кате и Ѓоко, Пајак, Мики Секуловски и Сверина настапија синоќа, а денеска настапуваат Бајага и инструктори, Викторија Лоба, Анета Љумаковска и Либеро бенд.














ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов рекорд на Питијадата во Велес: Џиновска пита долга 4,3 метри
Калиопи, Северина, Бајага и Инструктори: Кој се ќе настапи на Питијадата во Велес
Фото: Општина Велес














