На престојното Собрание на акционери на винарската визба Тиквеш АД Кавадарци на 11.ноември, една од предлог од одлуките е надоместокот за членовите на Надзорниот одбор (НО), информираа од таму преку Македонската берза.
Во предлог-одлуката стои тие да добиваат месечен надоместок од 1.000 евра.
Претседател на НО е синот на претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски, Јане Јаневски, а во истиот членови се и адвокатот Кристијан Поленак, и независниот член – економистот Руди Лазаревски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тиквеш за 14,3 милиони евра планира да купи неколку фирми
Кој е најголемиот акционер во Тиквеш
Која е М-6 Еден која купи акции на Тиквеш за над 2,6 милиони евра