Македонија си ги искомплицира шансите за директен пласман на Светското првенство во фудбал следната година, откако македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје одигра нерешено со Казахстан, 1: 1.
Нашта репрезентација останува во трка за второто место во групата, но ќе мора да победи во последниот меч од циклусот против Велс во Кардиф, за да обезбеди место во баражот.
Во групата на првото место се искачи Белгија, која има уште два натпревари пред себе, со 14 бодови, а Македонија падна на второто место со 13 бодови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија