Вчера, согласно мировниот план на САД, во Западен брег, Палестина, беа ослободени и околу 2.000 Палестинци, од кои некои беа во затвор со децении, некои биле осудени на доживотен затвор, а дел ќе бидат депортирани во Египет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако на 7. октомври 2023 година, од страна на исламистичката воена група Хамас и други исламистички групи беа убиени околу 1.200 израелски државјани, а 251 беа земени како заложници, Израел почна воената операција во окупираниот Појас Газа, Палестина, каде во последниве две години беа убиени над 67.000 Палестинци, од кои околу 20.000 се деца, а Појасот е речиси срамнет со земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Емотивни сцени на ослободените Израелци со нивните семејства
Видео: PBS NewsHour/Guardian News/фото: Унсплеш