По повеќе месечно лекување на 46 годишна возраст почина и Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК, кој беше еден од 203. повредени лица во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, со што бројот на загинати се искачи на 63.
Информацијата ја потврдија од Основното јавно обвинителство, бидејќи за Блажев водеше постапка како осомничен, која беше прекината поради неговата здравствена состојба.
Од таму најавија дека ќе биде издадена наредба за обдукција на неговото тело.
Во пожарот загинаа девет членови на групата ДНК, меѓу кои и другиот член од дуото, Андреј Ѓоргиески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата
Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани
Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, запеа за првпат по пожарот во Кочани
Фото: ДНК/Фејсбук