Бојан Јовановски Боки 13, кој заврши во затвор за случајот „Рекет“, го објави првиот дел од документарецот кој го носи истото име.
Како што е познато Јовановски неколку месеци е веќе надвор од затвор поради здравствени проблеми, а неодамна во повтореното судење за случајот “Меѓународен сојуз“ доби намалена затворска казна од пет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојан Јовановски – Боки-13 доби пет години затвор за случајот „Меѓународен сојуз”
Продуцент и автор на документарецот е тој, а истот е во режија на актерката Весна Петрушевска.
Во него тој ја раскажува својата приказна за случајот „Рекет“, поради кој во затвор заврши и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Фото/видео: Boki13