На 8. ноември Трибјут Фест во МКЦ Скопје

На 8. ноември, во култниот простор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, ќе се одржи издание на Трибјут Фест, настан кој ветува да стане традиција на македонската музичка сцена.

Фестивалот е посветен на живите изведби и автентичната енергија на најголемите светски рок и поп бендови, пренесена преку внимателно одбрани трибјут групи.

Публиката ќе има можност да ужива во легендарните хитови што ги обележаа различни генерации, во изведба на домашни и регионални музичари кои со посветеност и страст ги оживуваат своите омилени херои од светската сцена. Ова издание на фестивалот ќе донесе различни бендови кои ќе изведат музика од легендарни бендови, но и други изненадувања кои ќе ја направат вечерта незаборавна.

Организаторите најавуваат дека целта на фестивалот е да им овозможи на љубителите на добра музика „патување низ времето“ – враќање на незаборавните години на класичниот рок и новиот бран, но и можност младите генерации да ја почувствуваат атмосферата што ја создавале оригиналните бендови.

Со почеток во 20:00 часот на 8. ноември, сабота, МКЦ ќе пулсира со моќни гитарски рифови, емоционални вокали и сценска енергија која ќе ја спои публиката во едно големо музичко семејство.

Билетите се достапни на drugastrana.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести