Актуелниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кандидат на владејачката коалиција Вреди е новиот градоначалник на скопската општина Чаир.
Тој во првиот круг од локалните избори го победи кандидатот на ДУИ и коалицијата, поранешниот министер за здравство и надворешни работи, Бујар Османи.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Кој е Меџити
Тој е роден на 8. февруари 1977 година.
Го завршил своето високо образование на Економскиот факултет во Скопје, во 2000 година, каде што се стекнува со диплома од областа на финансискиот менаџмент и сметководство.
Во 2018 година станал и магистер со тезата „Современите предизвици на локалниот економски развој – студија на случај Општина Чаир“.
Професионална и полтичка кариера
Неговата професионална кариера ја започнал како професор во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, каде што предава од 2001 до 2004 година.
Од 2005 до 2017 година, пак, Меџити е градоначалник на Општина Чаир, каде што беше континунирано избиран во три мандати.
Во 2020 година, Меџити е избран за пратеник во македонското Собрание.
Во 2023 година ја основа и стана лидер на партијата Демократското Движење, која е дел од коалицијата Вреди.
Во 2024 година, Меџити стана прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање
Меџити е полиглот и течно говори и англиски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити стана градоначалник, кој ќе биде нов прв вицепремиер?
Изет Меџити го победи Бујар Османи уште во првиот круг
Во кои скопски општини ќе има втор круг
Фото: Меџити/Фејсбук