Јапонија испиша историја, откако Санае Такаичи (64) стана првата жена премиер.
Таа доаѓа на местото на Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка, а како што пренесуваат светските агенции и Такаичи, ќе ја продолжи неговата ултраконзервативна политика.
Такаичи е лидерка на Либерално-демократската партија, а себеси се опишува како јапонска верзија на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.
Не се очекува дека таа ќе донесе промени за поголемо вклучување на жените во Јапонија во политиката и други области, во општество каде доминираат мажите.
Таа ја поддржува ревизијата на јапонскиот пацифистички устав и се противи на истополовите бракови, а постои загриженост и за нејзините економски предлози, кои вклучуваат голема потрошувачка и намалување на даноците, во услови додека земјата се бори се растечка инфлација.
Фото: Канцеларија на премиерот на Јапонија/видео: euronews














