Полицијата денеска спречи 34-годишно лице од кумановско да се самоубие, фрлајќи се од „Искрин мост“ во Куманово.


По претходна пријава самоубиството го спречиле полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово.
-По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош, велат од полицијата.
Фото: МВР