(Видео) Со кој сè се сретна Мицкоски во Лондон

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржа во Лондон, Обединетото Кралство.

На маргините на Самитот како што информираше самиот на Фејсбук, имаше средби со домаќинот на Самитот, британскиот премиер, Кир Стармер, хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад, директорката на ЕБРД, Одил Рено-Басо, како и со Кралот Чарлс III.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самит за Западен Балкан во Лондон: Мицкоски и лидерите од регионот се сретнаа со Кралот Чарлс

Од грчкото Министерство за надворешни работи пак информираа дека Мицкоски имал куса средба и со грчкиот министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во воена индустрија во Македонија, најави Мицкоски

Фото/видео: Влада/грчко МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести