(Видео) „Вистината да излезе на виделина“, побраа родителите на загинатите во пожарот во Кочани на 28. марш

Вчера во Кочани, по 28. пат маршираа родителите и семејствата на загинатите во пожарот во т.н. дискотека, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

Како и на претходните маршеви тие побараа правда и повикаа вистината за трагедијата да излезе на виделина.

На маршот се обрати Манта Стојменова, мајка на Спире Стојменов, кој почина во пожарот, која меѓудругото порача дека е доста од неказнивост, корупција и од молк.

Судењето за пожарот треба да почне на 19. ноември, а, предметот е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

Почина поранешниот инспектор Владо Петров, осомничен за трагедијата во Кочани

Ниту еден обвинет за пожарот во Кочани не признал вина, сопственикот на „Пулс“ ги обвинува институциите и ДНК, објави Призма

Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести