Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче најави политички и кадровски промени во раководство на партијата.
Промените ќе следат по завршувањето на локалните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче најави кадровски и политички промени во раководството по изборите
СДСМ во првиот круг доби градоначалници во три општини, а впечатливо е дека партијата го загуби бастионот – Струмица.
Во вториот круг кој се одржува на 2. ноември партијата ќе се бори за 17 градоначалнички места.
Филипче пак не планира да се повлече од лидерската позиција по изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Резултатот не е посакуван, ама Филипче нема да си поднесе оставка
Кој е дел од раководството
Заменик претседател е Фани Каранфилова-Пановска.
Генерален секретар е Александар Саша Димитријевиќ.
Потпретседатели се Кристина Костова, Методија Илиевски, Каја Шукова (која на локалните избори беше кандидат за градоначалник на Град Скопје, но не влезе во вториот круг) и Ана Чупеска.
Организациони секретари се Мартин Костовски и Љупчо Фармакоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини
Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ














