Поради убиство на маж во саботата пред локал во Ново Место, Словенија, двајца министри си поднесоа оставки, а истите беа прифатени од словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Станува збор за министерот за внатрешни работи Божтјан Поклукар и министерката за правда, Андреја Катич.
Како што јавија словенечките медиуми во утринските часови изминатава сабота, 21-годишен маж, припадник на ромската заедница, наводно со фатален удар усмртил друг маж кој пристигнал да го земе својот син од ноќен локал.
Тој е уапсен, а според локалните медиуми и претходно извршувал кривични дела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














