Утре ќе имаме променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Во следните денови под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Фото: Град Скопје














