Познат идентитетот на жртвите кај Блаце: МВР возилото го лоцирале преку камери и дрон

Во несреќата кај Блаце, каде што “мерцедес“ излетал од пат и се превртел на местото загинале возачот У.Т. (64) од Косово, со живеалиште во Германија, како и сопатничките Ф.Ш.Т. (56) од Косово и Џ.К. (54) од Турција, која исто така живеела во Германија.

„На 19 јули во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш. (56) од Косово пријавил дека не може да стапи во контакт со неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К., откако претходната вечер, околу 22:15 часот, заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје.

Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување на камерите на „Безбеден град“ за да се лоцира трасата на движење на исчезнатите лица и возилото кое го користеле, а подигнат беше и дрон над трасата поради фактот што беше утврдено дека возилото не ја напуштило државата преку ГП Блаце“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Неколку часа подоцна, во 22:35 часот, во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на автопатот Граничен премин Блаце – Скопје, кој е затворен за сообраќај и е во изградба, патнички „мерцедес“ со германски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

По наредба на јавниот обвинител, телата на тројцата починати се предадени на обдукција, а истрагата за причините што довеле до несреќата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени фотографии од загинатите кај Блаце

Две жени и еден маж од Косово, кои биле пријавени за исчезнати, пронајдени починати на на патот Блаце – Скопје

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести