Државниот завод за статистика соопшти дека во 2024 година, 65.5% од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз.
Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %.
Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842.142 toe, што претставува намалување од 10.6% во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9% и хидроенергијата од 15.8%, додека најзначително зголемување од 140% е евидентирано кај соларната електрична енергија.
Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесувала 1.859.697 toe, по сектори: сообраќај – 47.6%, домаќинства – 26.1%, индустрија – 16.9%, останати сектори – 8.4 %.
Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4%, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4%.
Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1.727 KWh по жител на годишно ниво.
Фото: Унсплеш














