Од вечерва на полноќ за два денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на маслото за горење ќе биде 69,50 денари за литар.
Цените на другите горива остануваат исти.
Дизелот и понатаму ќе се продава за 70 денари за литар, бензинот Еуросупер БС-95 за 73,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 75,50 денари, а мазутот за 36,057 денари за килограм.
Фото: Унсплеш













