Денеска и утре врнежи од дожд и засилен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираше дека под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од над 60 километри на час, а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.

Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.

Според УХМР, во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести