Потребни сме ѝ на 14-годишната Нина Димитриевска, која води тешка битка со церебрална парализа

Малата Нина Димитриевска од Струмица повторно има потреба од поддршка и хуманост. На само 14 години, Нина со години води тешка битка со церебрална парализа, болест која го отежнува секој нејзин чекор, движење и момент на детска радост.

Од своите две и пол години, таа поминува низ бројни терапии и медицински процедури, а на седум и пол години беше подложена на сложена операција во Америка – Selective Dorsal Rhizotomy (SDR), која и помогна да ги направи своите први самостојни чекори.

Но, поради пандемијата, сите терапии биле прекинати, што довело до влошување на состојбата. Дополнително, Нина се соочила со глауком и сколиоза, а неодамна била принудена да помине низ нова операција, по која се појавиле компликации и големи финансиски трошоци за семејството.

Во овие тешки моменти, нејзината мајка упатува апел за помош до сите хумани граѓани и институции.

„Ве молам од срце – помогнете ни. Секоја донација значи чекор кон подобро здравје, без болки и страв,“ порача семејството.

Секој кој сака да помогне може тоа да го направи преку следните броеви и сметки за донација:

А1: 143 473
Т-Мобиле: 143 193

Нина Димитриевска
Шпаркасе банка: 250500021369574
Тутунска банка: 210501724202015
IBAN: MK07250080008236959
SWIFT: INSBMK22

Онлјан линк за донација ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести