Скопјанец си ја силувал малолетната поќерка

Скопјанец на 46-годишна возраст си ја силувал малолетната поќерка.

Тој е приведен и осомничен за обљуба на поќерката.

– На 03.11.2025 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести