Мажи на возраст од 35 и 56 години се загинатите во сообраќајката кај Прилеп-Росоман: Детали од МВР

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 04.11.2025 во 16:40 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај селото Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О. (31) од селото Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од селото Дреново, кавадаречко.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П. (56) од с.Дреново, кавадаречко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О. (24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П. (28), Т.П. (53) и С.П. (31), сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајката на патот Прилеп-Росоман во која загинаа две лица, се случила при претекнување: Обвинителство со детали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести