Според проценките на Народната банка, македонската економија годинава ќе има раст од 3,5%, а просечната стапка на инфлација ќе биде 3,9%, информираа денеска од таму.
Дефицитот на тековната сметка според Народната банка ќе изнесува 4,2% од бруто-домашниот производ (БДП), што е проширување на дефицитот во однос на претходната година.
Во споредба со априлските проекции на Банката, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти финансиските текови кои во просек се повисоки од претходните очекувања.
-Најновите макроекономски проекции за периодот 2025-2028 година укажуваат на отпорност и солиден раст на економијата. За годинава се очекува раст од 3,5 отсто, во периодот 2026-2028 тој би забрзал на 4 отсто.
Во однос на инфлацијата, просечната стапка ќе изнесува 3,9 отсто, а во натамошниот период ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек“, рече гувернерот Трајко Славески, кој меѓудругото посочи и дека во првите девет месеци од годинава, кредитната активност забележала силен раст кој, а според Народната банка, тој ќе продолжил и до крајот на годината.














