Мерки на претпазливост за лицето кое го усмрти Јорго Ќука

Лицето Х.К. (37) кое го усмрти поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука, доби мерки на претпазливост.

Тој се товари за за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а ќе остане без македонската и српската патна исправа, возачката дозвола, ќе има забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Ќука почина откако од Х.К. беше удрен со возило „фолксваген пасат” додека возеше велосипед на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.

Овие мерки ги побара Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот кој го усмрти Јорго Ќука на пешачки, имал двојно државјанство, Обвинителство бара мерки на претпазливост

Јорго Ќука, поранешниот директор на ОХИС е прегазениот човек кој почина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести