Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пронашла 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите, информираа од таму.
Во рамки на истата пратка со надзорот на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.
„Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени.
Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите,“ велат од АХВ
На сторителот му е изречена глоба од 600 евра.
Фото: Unsplash














