(Фото) Ѓорѓиевски и официјално ја презеде градоначалничката функција, ја испрати Арсовска со цвеќе

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска и официјално ја презеде функцијата и неговата претходничка Данела Арсовска ја испрати со букет цвеќе.

Како што и најави во изборната кампања, соопшти дека почнува чистењето на Скопје.

„Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам! Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Тој најави и целосна ревизија на работата на градската администрација.

-Секој што се огрешил во работењето ќе биде избркан, најави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје

Каков имот пријавил Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје

Фото: Фејбук/Ѓорѓиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести