(Видео) Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, порачаа родителите на „Маршот на ангелите“ во Кочани

Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот.

Ова денеска на новиот „Марш за ангелите“ во Кочани меѓудругото го порачаа родителите на загинатите во т.н. дискотека.

Тие упатија порака дека очекуваат вистинска правда за настраданите.

„Исполнете ја вашата должност не за нас, туку за нашите деца и за иднината на сите други што утре ќе сакаат да живеат во држава со вистинска правда,“ рекоа во своето обраќање пред зградата на Основниот суд.

Мајка на починато дете во името на сите учесници на маршот, упати критика до Јавното обвинителство дека оваа институција не реагирала на тоа што уште пред три недели им биле доставени докази дека осомничено лице се сретнало со оштетен родител, што сметаат дека носи реална опасност да се влијае врз сведоците и оштетените и да се загрози целата постапка и нејзината правичност.

Тие најавија, дека во рок од една недела очекуваат јасен и конкретен одговор за преземените мерки по доставените докази, во спротивно велат ќе преземат посилни јавни и организирани акции.

Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести