Бранко Црвенковски на маса со министерот Горан Минчев од ЗНАМ

Поранешниот лидер на СДСМ и поранешен претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски, иако официјално е повлечен од политичкиот живот продолжува да предизвикува интерес во јавноста.

Пред локалните избори беше фотографиран во друштво со членови на владејачките ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и актуелниот градоначалник на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а сега е објавена нова фотографија на која е во кафеана во Скопје во друштво на министерот за јавна администрација, кадар на ЗНАМ, Горан Минчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Црвенковски предизвика бура, фотографиран во друштво на членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

Фотографијата ја објави Инфомакс.

Минчев беше генерален секретар на СДСМ, кога Црвенковски беше лидер на партијата.

Со нив е и Зоран Попов, амбасадор на Македонија во Вашингтон, САД, поставен на позицијата од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски.

Пред вториот круг од локалните избори беше објавена и фотографија од членови и активисти на СДСМ, кои тврдеа дека и Црвенковски придонел да победи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кичево, Александар Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Охрид вели оти случајно завршил на иста маса со Бранко Црвенковски

Филипче се дистанцираше од Црвенковски

Бранко Црвенковски нема да ги коментира фотографиите на кои е со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

Фото: Инфомакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести